кога (сврз.) - чуе (гл.)

Кога чуја козарите од што бегаме, почнаа и тие да бегаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога чу Велко зборот од мајка си, фрли со стапчето по него и го удри по глава, та го ошумоглави и не можел Силјан веднаш да си летне.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Уште кога чу дека Луман излегол од оваа страна на планината, прв меѓу селаните се крстеше и се молеше вака: „Само, луѓе, речете тоа зло од нас далеку да биде“.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога чувме дека умрела, се сетивме и за мочањето во јазот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)