кога (сврз.) - ги (зам.)

Болката повторно се смири. Кога ги отвори очите утврди дека сѐ уште го гледа истото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И смеејќи им се весело како прв пат кога ги сретна со колата, тој завесла во спротивен правец, мавтајќи им со рака од далеку.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сме се разгракале така, како кога ги испраќавме жеравите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Откога си поплакал Силјан на куќа на деветти марта за домашните, кога ги гледал и не можел со нив да зборува, на жалта згора си летнал од куќа и си ошол в поле да си ги види нивјето, ливаѓето, лозјата и чаирите кај што паселе говедата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Многу биле лоши, разлавални; татко и мајка ич не ризале, многу ги огорчувале, и зер татко им бил многу лут, така и мајка им, та беа ги колнале многупати, ете зер ѓавол натемаго беше се погодил, чедо, некој лош саат, кога ги колнала мајка им вака: „Синко Сиве и ти ќерко Чуле!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ти бери умот таква глупост?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога ги открив помеѓу нејзината облека розовите гаќички и свилениот црвен комбинезон што пред малку ти го пробував си реков зарем може да е грев ваквите убавини ако ѝ ги облечам место на Натето Дуково на Огнена што уште не сум имал среќа да ја допам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Топлината на пламенот го совладуваше; кога ги склопи очите се смири, чедно побеле и остана детски насмевнат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога ги виде децата како им се приближуваат, тој присторе: - Види ги едепсузиштава!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога ги скротнаа воловите, не почнаа да играат комитски игри како секој ден, туку наседнаа на една ледина и заумено молчеа како тие да беа оние што требаше да видат што ќе се прави сега.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога ги остави работите со кои беше накитен, им рече на децата да се тргнат. – Ќе ви кажам нешто, - присторе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ме гледал така и чул нешто му тропнало. Господе боже, може да му тропнала пиралката, може да џвркнала водата кога ги цедев алиштата, кога ги усукував. И водата кога џврчка, така прави.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ами, дали паметиш, Велико, ми вели Стојна, дали думаш кога ги зашивавме предниците за да не ни се познаваат градите?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ами дали паметиш кога ги пеглавме кошулите со наседнување, со налегнување, ми вели Велјаница Пармакоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)