кога (сврз.) - ни (зам.)

Бевме во онаа доба кога не се ни насетува дека еден ден сетилата ќе бидат само дел од заробеноста во просторот и времето, а не дел од трепетот и од насетувањето на нешто што е отаде, ќе бидат само сведоци на материјата во која веќе нема да може да се доживее онаа нежност, онаа топлина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ни го зедоа Клевтис, многу народ ни загина. Може повеќе од 300 борци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А колку убаво ни беше кога се каравме, вели, знаете кога ни пративте писмо: ״никој да не преоѓа од Пукнат Камен подолу.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бевме во добата на невиноста, кога со допирот и слухот, со вкусот, со мирисот и со погледот, може да се насети она што е отаде појавното; кога ни се чини дека дури и низ предметите тече крв.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)