кога (сврз.) - ја (зам.)

69. Но тоа влијание му е нужно, ете зошто, од една страна нѐ уверува оти до кога ја има слободна Бугарија македонското прашање не е закопано, од друга страна, за да го оправда своето егоистичко поведение, сета вина за несреќите кај нас ја префрла на Русија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Преноќете тука, кршете го мојот леб И пијте го моето вино, рече жена, нешто кога ја прашавме.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Фонче откако ја прегледа куќата од Китан, вртејќи ја главата како да не верува дека ова е случено со неа, во тужбата наведе дека куќата е оддалечена 150-200 метри од каменоломот; дека кога ја изградил Китан, тужениот Танаил, не вадел камења со експлозив, ами рачно; дека од тие експлозиви куќата добила пукнатини кои со време сѐ повеќе се шират и дека се заканува опасност куќата да се урне; куќата кога ја изградил немала никакви пукнатини, а за тоа можат да посведочат мајсторите што ја граделе; и затоа бара од судот веднаш да му забрани на тужениот Танаил да употребува експлозив и преку вешто лице да направи увид на штетата на куќата и да му ја плати на тужителот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Дарванската вода е подобра за пиење, ама сега, кога ја нема неа, и оваа ќе ја фалиме. Господ на помош.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Првин ме сместија во болницата на Црвениот крст, но, кога ја видоа раната, ме однесоа во воената болница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И кога ја најдов, не знам што стана со мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
– „Ете како: откога влеговме в гемија во Солун, кога нѐ забра еден силен ветар, та кога ја спотераа талазите гемијата, една недела што ја носи силно морето и на неделата кога ја удри од едни спили, парче по парче се стори и за касметот мој ме исфрли на една штица морето на суво.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Одела што одела гемијата по правиот пат и по некој ден свртел еден противен ветар многу силен, та кога ја подбрал гемијата по морската ширина, летала како некоја црпка по талазите што биле по морето.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ја ведна главата, се поуми, а кога ја крена, очите му заискрија од пакост и рече: - Да те прашам: сите ли ти платија?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Мајка му се туфкаше и пискаше и, кога ја виде Трајанка, се расплака уште повеќе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Жетварите, кога ја видоа пребледена, ѝ се приближија да чујат што се случило.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И крајот на Мајкиниот живот, кога ја избра самотијата во домот, со Татковите книги, содржеше нешто трагично и возвишено.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А кога ја оголивме белата коска, гледам чудни знаци. Не е писмо, а како писмо се гледа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога ја скашкаа во Сараево едни нѐ носат на австриска граница, други - на Едрење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еда, едно време, се исправи, жената и кога ја видов правугоре крената и мене косата ми се крена. Ќе ми ја турне капата, ба му ја. Еда, дувот ми излезе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Уште кога ја грлевме пченката во Латкова ливада и кога се притемна небото, како ненадеен облак да се вдаде однекаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И првиот ден немаше, вториот ден немаше, петтиот ден, пак така, ама после, кога ја слеков да ја замијам, нешто како да ме џишна, као да ме опрли.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога ја видовме таква мајка и ние почнавме да плачеме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)