лели (сврз.) - те (зам.)

– „Лели те довеал ветрот у нашава земја, кај што човек не дошол досега, му рекол, ќе ти кажам од кај те познавам, чунки си имал касмет да се видиш со мене и гостин ќе ми бидеш у мене.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
— Е, е! лели те најду и тебе, сега знам оти не су на лошо место попаднат — се успокои Толе наполно и продолжи да си живее со руса Миша во удобната квартирка близу до Јована и Неда.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Најстина, тебе може не ти е толку по ќевот да те прашам секоа недела, токо, лели те ватал такцирот, се ќе видиш, се ќе чуеш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама лели те донесе господ тебе, веруам оти ќе ти се каже.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, вилаетлиа Јоване, лели те најдоме тебе овдеа сега твој касмет сме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Токо лели те сака главата, пашката шо ќе ти прави?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Е, е, лели те донесе господ, сполај му, пак да се видиме — вели Трајко и ги гледаат со Митра подароците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)