ни (сврз.) - ја (зам.)

Како направил и што направил не знам, ама сега веќе мојот народ ни верува ни ја применува поговорката: Да му цркне козата на комшијата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Инаку пациентот е сосема во ред”, рече главниот лекар, „уште и операционата маса ќе ни ја сруши кога ќе го вратиме од наркоза, сила од човек.”
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ветрот ни ја оддува од клепки пајажината на сонот и избриша дел мрак пред нас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Поскокавме подуени од студ и од премореност - некој се фаќа за секира, некој за кол, некој за глава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој нѐ забележа оддалеку и поита да ни ја отвори вратата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)