но (сврз.) - некако (прил.)

Рада на прашањето за цигарите одговори сосема кратко: - Пробав малку, но некако не ми одеше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Одново запаленото светло над тажната трпеза тогаш повторно го осветли празното сопче отспротива, но некако сенишно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Но некако мораш да се викаш. - Морам, нели?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Вџашен, без да има таква намера, го закопа погледот во долчето помеѓу нејзините дојки при што таа си ја стави раката на градите, со палецот и показалецот се фати за бисерниот гердан, да се покрие, но некако не криејќи му го задоволството дека знае каде му залутал погледот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Би сакал само навечер да наминува, крадешкум, на по еден час, или на еден миг!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)