но (сврз.) - пак (прил.)

Ќе ги менува сите облици и агрегатни состојби, но пак ќе биде Љубов..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Можам да се обидам по сто пати, но не ми успева, можам и да играм некоја друга улога, во некој друг театар, да бидам некоја друга јас... но пак ќе го барам сето она што е твое... ќе ја посакувам твојата сцена...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Со одвратност од себе сонот го оттурна она, мислите црни ги гони; но пак ја обградија мачните слики од сонот ноќеска што ѝ се сони. Штом шушнува нешто - смуртеното чело го крева сигурно синот ѝ ќе е!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
- Од говедар до цар - велеше скопскиот паша - ние сите се изморивме, но пак не можеме да го фатиме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Но пак се плашеше да се извлече од под креветот и да ја запали сијалицата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Десет дена не го напушташе слабоста Симона. Му давав лекови што ги донесов од градот и му ги завиткував нозете со крпи во оцет. Температурата слабееше, но пак се појавуваше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
4. СЕ ДРЖИ КАКО СЛЕПИОТ ЗА СТАПОТ - така и за бирократот се говори често, но пак му се уважува жилавиот напор за авансирање и за нестоење во место...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
ИЛИЈА: Се разбира дека ми е мака, кога моите сонародници си ја менуваат народноста, но пак ме теши тоа што не само меѓу народот македонски има такви, туку насекаде ги има такви како тебе — расипани души.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Но пак тој стоел, крај сето тоа со гордост на овој свет; над него горе, во сино небо ширеле орли лет...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Малцина бевме, многу гоневме, и бевме слабо наоружани, но пак разбивме наши душмани.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
По втор пат влезе во шаторот, нанишани внимателно со многу концентрација, но пак промаши.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Имаше моменти кога се откажуваше, кога не сакаше повеќе да зема лозови, но тоа траеше до денот што беше последен за извлекување: одеше кон бутката да купи лозови, сакаше да не најде но пак се тресеше и го молеше господа да најде.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ја советуваа да држи диета, да пие лекови и тревје за слабеење, да се движи, да работи, но пак ништо не помагаше, ја ставаше Дукле на вагата да ја измери и гледаше дека се здебелува.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)