но (сврз.) - попусто (прил.)

- Славата на Максим Горки. (Во тоа време, во Германија, биле продадени 80.000 примероци од романот „Мајка“.) Но попусто.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
XV Зимата го измени вообичаениот тек на времето: не се знаеше ни како се разденува, ни кога се стемнува; стануваа луѓето наутро изнаспани, излегуваа од куќите, шетаа по чардаците, кашлаа, се миеја шетаа по дворовите, влегуваа во плевните и земаа сено за ајваните, шетаа по сокаците и улиците, гледаа нагоре кон небото но никако да се раздени; зората никако да пукне, виделина да се запокаже; петлите кукурикаа, ја најавуваа зората, но попусто: или тие грешеа или таа доцнеше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И Дукле најпосле се реши: ја зеде. Помина некоја година и Дукле чекаше да роди Кала но попусто.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сакал куќа да закуќи, со рало да заора – но попусто.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но попусто Профим ѝ викаше ѝ забрануваше на Царјанка: таа не можеше без него.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И сигурно - и во овој град јас ќе бидам најнежен поета. Но попусто - сонот си е сон, а животот други далги влече.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Луѓето од манастирот се обидувале да го згаснат огнот, но попусто.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Чекаше, но попусто. Ни глас ни трага!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)