но (сврз.) - да (сврз.)

Но да не жалиме за височините, ќе живееме долу со истите сказни и параболи, и со онаа неумитна надеж, дека еден ден, во една ваква квечерина, пак ќе се искачиме, како пасмо пареа, модар здив од устата на долот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Овде луѓето настојуваат да оформат некое претпријатие, мало, самостојно, но да биде нивно и такво во кое ќе можат да дојдат до израз нивните иницијативи, слободата и свеста за самостојност.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Свесни за својот долг кон Татковината, тие беа тврдо решени да изгинат сите, до еден, но да не отстапат ни педа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но да дадеше бог да не тропнеше часот смрт што на сите им прати.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но да ја разбереме како што треба намерата на нараторот кога тој го форсира овој парадоксален предлог.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Една од причините, веројатно, е таа што Гоце помошта ја условувал (да се подготвуват, но да не преземаат ништо на своја глава), додека Сарафов, кој не водел сметка за последиците од било која акција, тоа не го правел.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Србите го поддржуваа да не останат поназад од Бугарите; но да беа српските интереси така врзани со востанието, тогаш Србите стопати ќе ѝ објавеа досега војна на Турција без да чекаат од некаде помош, без да гледаат дали ќе биде излезот за нив благопријатен или не. – Бугарите хранат обездомени Македонци, но истото го прават и Србите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но да претпоставиме оти турското економско разорување не ќе се одрази на нас.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Што може да се купи со десет динари,“ - праша - „но да останат пари за бонбони?“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Сакате да го цицате селото. Тоа да ви биде крава музара, но да не се вратите во него.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но да ја оставиме нашата судбина. Да апнеме од мезето...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Виљушките на обајцата завршија во чинијата со кавијар од модар патлиџан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Чекаше, по малку строго, Винстон да каже нешто, но да каже што ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Една многу интересна еврејска поговорка вели: „Ако спасиш еден човек, си го спасил светот.“ - тоа е обратна верзија на идејата за месијата: еден човек може да го спаси светот, но да се спаси човек значи да се спаси светот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се собрал народ да се збогува со мудурот, а тој им ветува дека пак ќе се врати, но да гледаат да не се караат и кодошат еден со друг.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И султанот го награди за таа негова верност и храброст. My ја даде цела Румелија да пашува во неа, но да не го заборава; секогаш да му се најде во лош час. И му се наоѓаше Мехмед.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но да се вратиме на основното: за да може барем правно да ни се одврзани рацете да можеме да работиме, јас барам да ни се даде прецизно толкување на Протоколот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но да се пренесе вселената, објективниот свет, една реалност што постои надвор од човекот да се пренесе во него самиот единствено со мистиката на самоспознатиот дух, а оваа реалност да биде сметана и понатаму како прост привид, како обично олицетворение на логичките категории и „идеи на апсолутниот дух“, значеше и да биде „укинат“ апсолутниот дух, да се пренесе во друга состојба, да се објасни „духот“ со појавата на материјата, а законите на дијалектиката — со законите на развитокот, настанувањето и условите за неговото познавање од страна на човекот.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Но да се потсетиме на приказната. Едно попладне, додека седел во својата градина под едно дрво заедно со двајца пријатели, Јапонецот Мијато Акиносуко задремал и притоа сонил чудесен сон.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Мислам дека во донесувањето на одлуката да постапам цивилизирано и да го одминам спомнатиов без да му обраќам внимание, ми помогна и тој самиот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но да се вратиме на случајот со индивидуата од пред мојата канцеларија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Николче седеше на место, решен да умре но да не се помрдне, барем додека не дојдат да го помолат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Баба му го става Мечето во постелата на Зоки. - Но да знаеш, нема да се откривате.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Човештвото ќе се издигне од емоционалната затапеност и отуѓеност и достоинствено ќе излезе од демилитаризаната зона на глупоста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но веќе одамна се нема ништо исполнето ни случено, но да се надеваме дека утре светот ќе бидам подобар.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сакав само да знаеш, вели, но да не шириш за ова, жити тебе да не кажуваш!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но да не го оддалечи од себе!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Имаше две момчиња од Свети Николе, мислам дека едниот се викаше Никола, ќе го заглавеше затворачот на пушката и ќе ме замолеше јас да го вратам, но да не знаат другарите за да не го зезаат после.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Еден ден чичко ми му го кажа тоа на татко ми, но во вид на клевета, а татко ми рече: И ти и Љубица играјте и танцувајте, но да бидете пристојни, со секого кој ќе ве покани, макар и Циган да е, но за време на играњето никако не треба да се зборува, да бидете сериозни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мојата цевка секогаш беше толку светната што можеше на цевката да се огледаш, за чудо многу ме привлекуваше оружјето.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)