одошто (сврз.) - во (предл.)

А нивите беа истите и требаше да се работат за да раѓаат уште повеќе пченица одошто во турско време, оти тогаш таа беше 55—60 гроша, половина лира килото, а сега стана осум па и десет лири, шеснаееет дваесет пати поскапа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во тие мачни повоени, униформирани, купонски времиња, кога луѓето живееја под диктатот на еднонасочните пароли, Татковата појава, со старата изветвена паларија, носена уште во Цариград, на која Мајка ѝ ја менуваше само свилената кордела, и со старата кожена чанта, јасно се изделуваше од пејзажот на времето вклопувајќи сѐ повеќе во минатото одошто во сегашноста.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во Маклата, тревата беше пораснала поубаво одошто во Градешките ливади та Сиве ја смолкна косата и почна да коси околу изворчето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од голема сила, тревата попушти и косата се покажа на опкосената ледина, но Сиве виде за неа закачен човечки череп Не малку се исплаши сиромашецот Сиве оклештените заби и пропаднатите очни дупки, но веднаш се сети дека не е жив човек и се заинтересува за неговата судбина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Навистина, Гринавеј е поуспешен во истражувањето на визуелните можности на неговата “книжна” тема одошто во поставувањето на длабоки прашања за дискурзивната природа на театарот, филмот или моќните релации.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
18 На ѕидовите од собичката висеше врамено писмо од Samuel Beckett во коешто младиот Beckett ѝ се заблагодарува на Gail што го избрала за тема на својата докторска дисертација. Gail ретко беше дома, па времето повеќе сакав да го минувам во кујната одошто во собичката.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Реков дека она „ми“ е вишок, и дека е перфидна импутација; но реков дека може да се каже „да“, и дека повеќе верувам во Свети Петар одошто во Партијата на здравиот народен дух.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Исфрлањето на снегот му беше многу потешко одошто во почетокот, но за среќа - снегот што беше напаѓал преку ноќта, не беше дебел. Ги пушти говедата на вода.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На сите фотографии изгледам многу полошо одошто во природа, барем мене така ми се чини. – Што сакаш ти, фотографскиот апарат да те разубави? – ме зафркава брат ми. – Не е шминкер!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мавтав долго, сѐ додека можев со очи да го следам авионот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Така се пишува државен документ кон важно лице, исто така валчесто писмо, прочуено црно писмо, црно напишано, но со прекрасен вкус...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А ова ви е просто, обично и најчисто англиско писмо: елеганција нема каде понатаму, тука сѐ е убавина, бисер, перла; тоа е завршено, но еве, има и варијација и тоа, пак француска... истото англиско писмо, но црната линија е малку поцрна и подебела одошто во англиското, така е пропорцијата на светлината нарушена...“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тогаш Фоте, од необјаснети и необјасниви причини, стекна извесна доверба во Боге повеќе одошто во другите лекари.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Од двете страни е на грмадата од планини , повеќе во карпи одошто во красти, меѓу нив е бунарот на небото по кое се расцветуваат и прецветуваат од облачиња во пропатување, а ти си сред еден усој во кој сонцето само ќе наѕре и зиморливо ќе се скрие.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Што си рече понатаму? - го поттикнуваше таа дијалогот, макар што повеќе уживаше во тоа што тој тапка во место одошто во вкусот на вињакот чија чашка само ја лишкаше.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во летните месеци, кога имаше помалку читатели, во магазинот беше попријатно одошто во горните простории и Грдан имаше време да прелистува книги во преградениот агол со стол и маса, што магазинерите си го викаа гулабарник за да не биде кокошарник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Да ви речам само уште толку, дека денес кај нас се печатат многу убави книги, многу поубави одошто во моето детство.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Денес има многу книги, достапни им се на сите, па има и многу повеќе читачи одошто во моето детство.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Не може да не се забележи дека нивната најдобра работа се одвива во 60-тите и 70-тите, кога мистериите на изведбата и чувството за сопствен идентитет се поголеми одошто во монументалните, намерно неспретни фото-дела.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Навистина се ретки оние уметници коишто инстинктивно ја знаат вистинската мерка на својата работа и се држат до неа, дури и за време на најбурната слава и популарност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во Скопје поскапо се живее одошто во Кочани.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
2. Два света Стократна синонимијо вражи долу лавовска опашко ангелско при-паѓање на два света лет во јазикот Левијатан прв меѓу првите историјат на прекарот над името име едикојси во речта, аман, побрзо ќе умреш одошто во животот!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Филмската индустрија никогаш не можеше ништо да направи соGravity's Raibow. ВГ: Има во неа осум билиони пати работи повеќе одошто во Неуроромансер.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е енциклопе-диски роман. ТЛ: Но има огромна врска, како што добро знаеш, меѓу Неуроромансер и Пинчон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Затоа што Пинчон навлегува во психологија. Врашки добро ја познава. Целиот роман е психологија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)