одошто (сврз.) - да (сврз.)

Поинтересно е да си седиш дома и да си читаш стрипови, одошто да излегуваш надвор, да ја влечеш торбата по фурните и да бараш мек леб.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Престанав затоа што кога бев пред свршување се сетив дека жена ми е во соседната соба поради што посилна беше мојата желба да одам да видам што прави таа одошто да се предадам на таа свињарија на која речиси ѝ бев подаден.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И, ако имаме среќа нашето дете да стане нуклеарен инженер, во што ќе вложиме сѐ што можеме и имаме, не прашувајќи се дека тогаш тоа наше дете ништо друго не ќе сака повеќе одошто да му се даде можност да ја стави во погон нуклеарната сила чии тајни ги владее, ако ништо друго да проектира и изгради нуклеарна централа!...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа работа побрзо се покри одошто да се открие...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ја прашав Луција зарем не е поумно да води љубов со мене, одошто да биде нивни активист.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го одбрав полесното: падот, оти полесно е да слегуваш одошто да се качуваш. О знаев дека согрешив.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
13. ПОАРНО ЧОВЕК ДА ПРОСИ, ОДОШТО ДА КРАДЕ - и просеше тој и крадеше, но арно му не е, кога наутро сонцето на небото ќе се здаде гледајќи го жалосен и жално му се смее...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Поарно е да жалат по тебе одошто да те презираат и да те мразат”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ги научив нивните јазици, научив ладино, научив и грчки, ги проучив нивните книги, ги знам нивните обичаи, влегов во нивната политика, ја освоив довербата на нејзините предводници.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Додека ја слушаше, а не ја дослушуваше жената како ѝ зборува, Горда гледаше во детето - годиначе, тоа си играше на подот од кујната, седнато па стркалано, уште сакаше повеќе да лази одошто да оди, клатејќи се на ножињата како пајче.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Подобро да зборувам - одошто да бидам немтур!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И кога најпосле решил оти е подобро да се врати дома одошто да ака по Штабот кој можеби веќе и не постоел, свртил кон меаната под Овчеполска станица, да се освежи, како што рече, и ете, за белја, наишол на цела колона војници, загубени во полето, или едноставно заборавени од нивните старешини.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Е, токму таму, во меаната, татко ти успеал да го направи најглупавиот договор што еден умен човек смее да си го дозволи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И секој во себе мислеше како сега поскоро би прснал да бега одошто да го стори ова што им рече дедо Геро.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Подобро нека ти го гледаат срамот одошто да крадеш, зашто во куќа каде се краде, - напредок нема!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Отец Прокопиј многу, многу одамна ме поучи: Побрзо ќе заборавам кога пуштив брада, одошто да заборавам дека и во селоно зад ридон нашенци живееја.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тие само се смеат. - Зошто да нѐ боли, ми велат, одошто да нѐ боли, се кикотат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)