освен (сврз.) - дека (сврз.)

Винстон го знаеше човекот од видување, иако не знаеше ништо повеќе за него освен дека се наоѓа на некоја значајна функција во Одделот за проза.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И јас повеќе немав претстава која е таа моја работа, освен дека е неопходно да ги соберам сите делови од сложувалката.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Винстон не знаеше што значи тоа, освен дека на еден или на друг начин ќе се оствари.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Македонија ја признаваат за бугарска во етнографски однос, но мислат дека е излишно да си ги трошат силите за да научат нешто за таа земја, затоа ништо не знаат за неа ни од историјата ни од географијата и етнографијата нејзина, освен дека има таму чети и востание, на коешто треба да му се помогне само со лотарии и не со самите себе.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој ми одговори дека, за жал, не може многу да ми каже за она за што се интересирам, освен дека располага со една многу кратка дописка објавена во „Цариградски весник“ од 12 март 1861, во која меѓу донаторите за читалиштето во Ресна стои и името на Никола Поцо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)