откако (сврз.) - престане (гл.)

Дотогаш јас ја знаев само како лик кој набљудуваше низ прозорецот, а потоа нејзиниот татко му беше рекол на брат ми дека во нивниот дом сега доаѓа неговиот колега од факултетот, доктор Ернст фон Брике, сликар – аматер кој почнал да ѝ држи часови на ќерка му, и кој побарал на часовите да доаѓа уште некое дете, затоа што така би се постигнала подинамична работа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А после, откако престанаа да доаѓаат и да пазарат луѓето од околните села во Потковицата, и дуќаните Алиноски се затворија само од себе, односно се преселија таму, во Тополчани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Моето пријателство со Сара Ауербах започна неколку месеци откако престанаа часовите по цртање во дворот на куќата на нејзиното семејство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)