откако (сврз.) - сме (гл.)

Всушност, откако сме заробеници.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И потем раскажа собитие вакво, за кое трипати повтори дека е верно, и јас знаев дека знак на несигурност е тоа повторување: на првата ноќ откако сме заминале ние од дворецот, небаре ѓавол ја напуштил престолнината и во вреќата своја сите проклетства ги однел, на Лествичникот видение верно му се јавило: таткото негов, Мида, на сон му дошол и побарал да го откопа од гробот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имало, но набргу откако сме се ослободиле, дошле нивни другари, преживеани борци, заедно со војници, па ги откопале и ги однеле коските во заеднички гробници.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тие двете дури сега, откако сме возрасни „ ме играат„, порано бев невидлива за нив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ќе ги видиме ли вечер малите џуџиња? – се вмеша Дена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се гордеете со Рафал но знаете дека бандата - или здружението на разбојници, како што ќе рече судот - постои дури откако сме затворени во хотелов.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
А по некоја година, две или три откако сме се ослободиле, дошле нивните преживеани другари, им ги откопале коските и ги пренеле, ме разбираш. За тоа веќе ти кажував.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)