откако (сврз.) - стане (гл.)

На својот пријател сликар, кој привремено го дели покривот со него, му вели дека во неа се чувствува подуховно - како монах или самурај; во арсеналот на споредбите е и принцот Чарли, облечен во килт.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Следниот ден ја облече сукњата уште откако стана, и цел ден ја носеше на себе.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Најтешко време за мене беше откако станав писател и новинар, за време на Депресијата во Њујорк.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Откако стана, се зами и испуши една цигара, одеднаш сфати дека нема што да прави и му стана здодевно, а не можеше ни да помисли да се врати в постела да прелегне и да се обиде да презаспие.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И јас верувам во таа заедничка татковина! - прифати Дарвиш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Охрабрен продолжив: - Во дел од мојот живот живеев со палестинското прашање, првин поетски (откако ја открив вашата поезија), па неочекувано дипломатски (откако станав амбасадор во Тунис првин при вашата палестинска Централа, а потоа и при прогласената независна држава Палестина) и на крајот како човек кој продолжува да го разбира другиот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
По кратко молчење во кое никој не ми понуди објаснување, прашав зошто Кристина ја избркала мачката; да не е некој алергичен на мачки или нешто слично.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- А-ха, - тетка ми кимна со главата и забележувајќи една трошка што по грешка останала на масата, се концентрира на неа со погледот и потоа внимателно, како да е мравка и како да ќе ѝ избега, ја приклешти меѓу палецот и показалецот и откако стана, ја фрли во кантата за ѓубре под мијалникот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Како многу години пред тоа, тргнавме кон неговата мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А потоа, откако станав од креветот и отидов до прозорецот, додека ги тргав завесите, го слушнав како вели: “Сакам да ја видам мајка ми.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)