откако (сврз.) - фати (гл.)

Се шепотеше дека ќе ги носат во посебни собирни центри за нивни сонародници, кајшто ќе останат сѐ до крајот на војната, но и тоа дека ќе ги однесат на пат без враќање.  Откако фатија да се шират тие гласини, Рашела одново почна да спие дома, кај нејзините.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Е, сега со булдожери рамниме - овој терен е најстар откако фатило да се создава Вардариште.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)