отколку (сврз.) - болка (имн.)

Затоа не ја кријам тагата и болката, подобро болен крај отколку бол без крај.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Солзите не се моја слабост тие се моите чувства, имам сила да те сакам безвремено, не е наивно ниту едноставно, тешко е, но секој миг е се поблиску до нашата среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Го гледаше право в очи, со молбен израз кој оддаваше повеќе страв отколку болка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пресното месо на растргнато јарче, од кое таа не можеше ни да лизне, иако ѝ стоеше на дофат, мирисаше толку густо и раздразнувачки, што таа многу посилно ја сеќаваше таа миризба што опијанува, отколку болките од своите лути рани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)