отколку (сврз.) - во (предл.)

Парадигматските односи во појдовниот систем на писмо се рефлектираат во парадигматиката на новосоздаденото писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Притоа, во јазикот L може да постои поголем број на фонетски единици отколку во јазикот L1, во тој случај, во новосоздадениот систем на писмо се воведува поголемо количество на графички симболи за означување на дополнителните звуци, кои не постојат во јазикот-прототип.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
По каприц на историјата, овој период на политички пад, го придружува културен живот: поенергичен и попродуктивен, отколку во кој било друг период.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но таа веруваше дека во книгите, можеби токму во тие книги, се крие нешто посвето, посудбинско за семејството, отколку во единствениот таков апарат за јуфки во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Она што се знае како сигурно, а за кое недвосмислено е кажано во записите на Нико Кочов, е дека Никола Поцо до средината на шеесеттите години, повеќе престојувал во Цариград, отколку во Маказар. Зошто?“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Подобро ќе беше да си останам во тој кошмар, отколку во реалниов - помисли таа.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Зошто не ги напаѓаа балетаните и модните креатори и сите останати?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во нашиов век има повеќе уметнички правци и теории, отколку во сите векови заедно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Зошто не ги напаѓаа бродвејските мјузикли во кои, во една претстава, имаше повеќе педери отколку во цел Фектори?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Филмот никогаш нема да го има тоа доживување на сурова, иманентна присутност, тој вид на „насилство”, катарза, страв или едноставно мирис, кој што го има театарот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се разбира освен ако тоа не го прави свесно и намерно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во тие светови живееме веќе подолго време и поинтензивно отколку во првите, „нормални” светови, и токму текстот на Хосокава за вокменот тука е доволно симптоматичен.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во оригинал­ната верзија се наведени и броевите на собите во кои се одвивале поединечните дејствија; меѓутоа, управата се заканила со пријава, па броевите се повлечени.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ваквиот концепт овозможи поголема селек­тивност отколку во дотогашните филмови во коишто е чувано единството на времето и местото, па така изборот на епизодите во Девојките од челзи прет­ставува и збир на дото­ гашните Ворхолови филмски постапки.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Додека се шетав наоколу сфатив дека војната во Виетнам изгледа многу пореално во Сан Франциско отколку во Њујорк - додека стоев на доковите, буквално можев да ги видам бродовите како заминуваат за Југоисточна Азија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сите во Сан Франциско беа загрижени заради купот амфетамини што можеа да се најдат тоа лето во градот - посебно беа загрижени децата на цвеќето, бидејќи спидот луѓето ги okno.mk | Margina #15-16 [1995] 127 правеше агресивни, а тоа беше токму она против кое беа тие.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Зошто токму нас, кога беше доволно само да го вклучат телевизорот и да видат стотина актери кои се толку педери да не им поверуваш на своите очи и нив никој не ги пипка.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Девојките во Калифорнија веројатно беа, во стандардна смисла, поубави од девојките во Њујорк, но мене и понатаму ми се допаѓаше начинот на кој Њујорчан­ките беа убави - чудни и невротични (девојките секогаш се поубави кога се на работ од нервниот слом, а нашите девојки секогаш беа тука некаде).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Конечно, многу е посурово и во извесна смисла „повозбудливо” бивствувањето на Балкан (кој ако не е мртов, умира полека ама сигурно), отколку во скутот на старата курва наречена... итн. што читаш, што гледаш, со кого се дружиш?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Затоа постои Уметноста, како нешто возвишено, Таа е материјал што кармичните ритуалци го обликуваат и со тоа создаваат паралелна стварност во која сѓ почесто претстојуваме отколку во оној како-ли- изгледаше-тој Вистинскиот свет.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сето време се плашев од она што тоа е - нешто грдо и отровно, кобно и стравично - обичен инсект, полош и подив од оган - и попрво раката би ја ставила во пламен отколку во мракот на некоја влажна и со пајажина прекриена дупка.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И навистина, човек што првпат стапува во овој град, веќе има за него определен критериум и бара да види во нег оповеќе отколку во другите градови и многу тешко му паѓа ако претрпи и најмали разочарувања од било каква глетка или панорама.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ПАРИЗ, сам за себе, претставува цела држава. самиот факт што на едно пространство во дијаметар од педесетина километри живее население дури поголемо отколку во соседна Бугарија, или пак во Грција, наведува на помислата што сѐ овде не се прави за да бидат навреме нахранети толку милиони луѓе, за да бидат редовно снабдувани со други потреби, за да се префрлаат луѓето на работа и по домовите за да има вода достатно за пиење и хигиена.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Годишно на човек паѓаат просечно по 670 кубици вода, односно близу трипати повеќе отколку во Белгија или нешто над двапати повеќе отколку во Грција.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Каква ќе биде таа моја проектирана вистинска љубов, не можев да си претставам, или сосем сматно си претставував, но бев внатрешно уверен дека сепак тоа на село станува полесно и попросто отколку во градот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не верувам дека проблемот се постава инаку во книжевноста отколку во другите уметности, но, ете, просто немав прилика за книжевноста да ја напишам книгата што сакав. » Книгата што ја напишав не е историја на филозофијата, туку е текст што сакав да го напишам за Фуко, за тоа како јас го доживувам и како му се восхитувам.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Овие навидум комплицирани потраги, кои се повеќе кај оние што ја читаат оваа поезија (јас) отколку во овој што ја создава, се релациите врз кои се градат прашањата за бескрајната комплицирана едноставност на песната што ја создава Ренџов.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
В пролет, лете и в есен повеќе отколку в зима.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На 27 септември започнале краткотрајни борби под раководство на Јане Сандански во серскиот округ.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 19 август востание избувнало и во охридскиот крај, но со далеку помали димензии отколку во битолскиот.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
„За четири дена крај тој базен во Кварнавака научив повеќе за функцијата на умот, мозокот и за неговите структури, отколку во изминатите 15 години напорна работа во рамките на психологијата”, објаснува Лири.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Иако не станува збор само за игра, играчки, куриозитети, фигурациите од овој тип во 16 и 17-иот век повеќе го наоѓале своето место во “кабинетите на чуда” отколку во уметничките збирки.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Влијанието на мас медиумите подиректно се чувствува во филмовите отколку во книгите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но тој почесто и полесно влегуваше во својот западен сон отколку во оној источниот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој, во животот, имаше поголема доверба во тишината, во премолчувањето, отколку во предвремените и изнасилени зборови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Фер би било да споменеме дека многу повеќе се работи во првата и третата категорија е многу повеќе распространета, отколку во останатите две, и покрај тоа што не постои доволно систематичен пристап во изучувањето на историјата на преведувањето и повеќето од истражувањата на преведувањето и лингвистиката се изолирани од главниот тек на студиите за преведување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Прво, хонорарното ангажирање по својата природа е флексибилно и периодично за разлика од редовниот работен однос и правата кои се уживаат од редовен работен однос се поголеми отколку во случајот на хонорарното ангажирање.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Исто така, битно е да се нагласи дека прекршочните одредби за постапување спротивно на закон се поголеми во стариот отколку во новиот закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Земјата во слобода полесно и побрзо се справуваше со травматичните процеси отколку во поранешната изолација на диктатурата...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Новото споменување на Атеистичкиот музеј и на Сталин како да ја долеваше чаша­та, не можев да не дополнам: - Отидовте, другар А. А. многу подалеку во отворањето на атеистичките музеи отколку во нивната матична земја Русија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Велат дека повеќе се заработува отколку во другите гурбети.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Уште понепристапна стана широчината отколку во времето на Баждар кога кај багремите се преслија сложните Црни браќа - пет беспризорни момчиња, секој поинаков од другиот и секој сличен со другиот во брзото барање на најкус и најсигурен пат да го постигне она што го сака, она што ќе му донесе залак.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
“181 Овој ужасен и жален портрет на Крафорд се сосредоточува на спротивноста меѓу нејзината гламурозност и нејзината абјектност, карактеристична комбинација што никогаш не се прикажала со посјајно дејство отколку во самиот филм Милдред Пирс, а особено во сцената што предмалку ја видовме, каде што нејзината строга отменост и нејзиното достоинствено држење се во суштинска спротивност со навредите што ги трпи и со социјалната и со емоционалната запрепастеност што толку речовито ги бележи нејзиното лице.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-мјузиклот што излегол од плакар, колку и да се ревносни неговите напори да пресоздаде геј-искуство, не e ниту толку комплексен ниту толку занесен колку што беа претходните мјузикли од плакарот... [Ние] шоу-кралиците имавме повеќе причини за уживање, повеќе признание, во нашите исчитувања на претставите од минатото отколку во поскорешните, наводно геј-мјузикли...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И нема потреба доказот да го бараме некаде подалеку отколку во ова што се случува.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Она што е битно е дека можеме да ги наговориме луѓето да постапуваат поинаку отколку во 32 Margina #1 [1994] | okno.mk минатото.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ранети беа тројца Турци, меѓу кои и еден имам. Сите муслимани во градот се држеа сосем мирно, помирно отколку во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Демократските традиции на францускиот народ и силно изразеното прогресивно мнение се сметале за извесна гаранција дека атентатите ќе наидат на поголемо разбирање во Франција отколку во било која друга голема сила.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ти велам: полесно е во вриежот горе, отколку во затворите долу.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На пример, кога една комерцијална организација отвора нова гранка во некој друг град, таа праќа таму свои луѓе за да го одржат континуитетот, во однос на неформалните како и на формалните правила и рутини, кои на тој начин се реплицираат и организацијата го “раѓа” својот потомок. (...) Така, во согласност со двете линии на моето излагање - само-организацијата на експресивните знаци и еволуцијата на институциите преку рутини и репликација на правилата, може да се изведе заклучокот дека нашите домови им се слични на териториите на птиците - многу повеќе отколку во метафорична смисла. (...) Она што може да се заклучи на крајот, е дека еден ист процес (или поточно различни процеси во кои е вградена иста апстрактна машина) е тој што резултира во ентитети толку различни како што се човечките хиерархии, телата на животинските видови, дури и карпите - сите тие се структури во кои се обединети хомогени елементи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Н Пекол - Место, во кое ќе биде потесно отколку во рајот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Пари - Именка со извонредни особини, Мустаќи - Украс на херојскиот лик, кај која сама од себе ги засенчува сите кого најчесто сето херојство е во нив. заменки.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ама подобро е да си ја познаваш несреќата, вели, отколку во непознато да си ја бараш среќата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Луѓето не брзаат, како да сакаат со својата бавност да го задржат летото кое и самото не брза на својата традиционална средба со солзливата есен, онаа есен во која човекот е далеку потажен што е сам отколку во пролетта.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Помалку ќе бев изненаден ако се разбудев на Тибет или во некоја сибирска шума.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Освен тоа – поарно живи и голи, отколку во влакнести кожуви и мртви. Секако, секако...
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Но, тоа е така, бидејќи овде основната идеја на градот е сведена на следниов интерес: Подобро е да се живее во комфорна градба, отколку во селско дувло.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Еден политичар вреска дека неговиот народ не е исплашен туку лут, друг бара да загинат по милион луѓе од обете страни за работата „еднаш засекогаш” да се реши, трет вели дека е подобро народот да му се наоѓа во состојба на вооружен екстремизам отколку во летаргија, како тие две состојби да се единствените можни состојби на човековото постоење.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А директорот на филхармонијата довикува со пушка на рамо дека на боиштето му е подобро отколку во филхармонијата и бара да му праќаат муниција наместо ноти.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Улогата на латиничното писмо, главно поради италијанското влијание во овие краеви, очигледна е во начинот на кој се симболизирани самогласките и согласките (поинаку отколку во арапскиот), но во насока на пишување од лево кон десно.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Мојата баба како да беше одраснато сираче, небаре вградена во куќата крај Езерото, како во една поприфатлива и почовечна варијанта отколку во балканските легенди, во кои млади мајки се вградуваа во темелите на видни градби, за да се смилуваат злите и кобни сили да ѝ ја поштедат градбата од мистериозно уривање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во нејзината моќ на останување и справување со осамата имаше повеќе храброст и доблест отколку во мојата забрзана дипломатска кариера Ах, колку грешев Повторно се тешев, оваа депеша за државниот удар би требало да стигне пред да го напишам одговорот на последното мајкино писмо, со цветче на името на крајот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше дамна контаминиран и сега урнат големиот југословенски мост кон Палестина, заедно со маргинализирањето на движењето на неврзаните земји, по крајот на студената војна и биполарната епоха.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Многу повеќе во Словенија, Хрватска, отколку во другите држави, а најмалку во Македонија!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И оттогаш останав во трајно и ненаметливо пријателство со Махмуд Дарвиш, посебно со неговата судбина, која на одреден начин ме следеше и во моите дипломатски мисии, посебно како амбасадор во државата Палестина, која постоеше посилно во надежите на нејзините поданици отколку во реалноста...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Парадоксално митот за Југославија живееше повеќе во неврзаните земји како Египет, Индонезија, Индија, Алжир, Зимбабве, Гана или Тунис, отколку во самата Југославија, која веќе беше во урнатини, одрекувана, дијаболизирана, проколнувана.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред неполни триесет години, во 1978 година, со него се најдов, како и со другите на вишинката на манастирот Свети Наум, да му ја покажам мојата варијанта на балканскиот егзил, да му говорам за подводната граница во Езерото, вардена од змејот, за нашето вечно патување преку границата, за варијантите на медитеранскиот апсурд.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овде беше, повеќе отколку во кој било европски дел, присутно тврдењето за вавилонското проклетство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко беше повеќе во Западот на своите идеи отколку во реалноста на Истокот, на цариградската судбина, која не ја сметаше како своја како што беше случајот со самиот вујко Али Фети.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако ѝ се поверува на последната прикаска како на неоспорна вистина, случајот со коњот што љубел вино е сосема поинаков, речиси дури и понеобичен отколку во другите раскажувања.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дури и кога би постоело легендарното Братство, што беше малку веројатно, беше незамисливо дека неговите членови би можеле некогаш да се состанат во поголем број отколку во двојки или во тројки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Општо земено, човек не можеше да мисли дека е побезбеден во природа, отколку во Лондон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Преминувањата од една група во друга се далеку помалубројни отколку во капитализмот, или дури и во прединдустриската ера.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По настаните, откога бил пуштен, Симон се сместил, како и другите долненчани, во онаа населба до Б., веќе сосема затворен во себе, молчалив и сив, и уште посвиткан отколку во Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И сум се исплашила - уште нерасонета сум се исплашила - најаве повеќе отколку во сонот.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Во името на сите свети племиња Се колнам – ова се денови луди Дете мое неродено и неименувано Пред да бидеш каменувано Сакам да знаеш и да не те чуди Оти подобро се живее во блуд Отколку во заблуди! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Мислам, табелата на мојот успех повеќе одеше во ширина отколку во висина.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Триесетгодишниот самоук Jaron Lanier, којшто не завршил ни средно училиште, ни факултет, бил измислувач на компјутерски игри, што се денес неспоредливо покомплексни отколку во времето на првите домашни компјутери. 94 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Реалноста со сета суровост ја покажува точноста на оценките на американскиот економист и нобеловец Џозеф Стиглиц дека „ретко кога јазот помеѓу очекувањата и стварноста бил поголем отколку во случајот на транзицијата од комунизам во пазарна економија“ 1 и дека „транзицијата не испадна да им користи на сиромашните.“
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кај да го донесе, мори мила, каде, во која Македонија ќе му биде поарно отколку во тоа широко и богато поле, а?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но сигурно помалку во Солун отколку во Јанина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога насети оти смртта му е близу, ме повика и, кришум од сите, ми рече: „Во тебе, снао, имам повеќе доверба отколку во дру­ги­те в куќи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Хичкок: „Тоа е така затоа што темата за неправедно обвинет човек кај гледачите создава чувство на опасност, бидејќи тие полесно се замислуваат себеси во положбата на овој човек, отколку во положбата на виновник што бега. Публиката секогаш ја имам на ум“.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во тоа е клучниот момент: денес општеството не е ништо помалку репресивно отколку во времето на „човекот на организацијата”, верниот службеник на Институцијата; токму спротивното, разликата е во тоа што општествените барања не ги преземаат веќе облиците на Идеалното Јас, на интегрираниот „внатрешно среден” симболичен код туку се останува на рамништето на пред-ојдиповото над-јас: “Во општеството што бара да се служиме со некое поставено правило во општестве­ните односи, и кое честопати истите правила ги сместува во кодот на моралната еднаквост, индивидуумот мора да се бори за да ја сочува психичката рамнотежа; сето тоа ги потпомогнува облиците на сконцентрираност во себе, што потсетува на примарниот нарцизам на империјалното јас.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Требаше уште да сонува, да доживува посилно отколку во стварноста, како да не е в колиба, по една смрт на човек кој сепак имал веѓи и не бил слеп.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Таа овде научи за медицината повеќе отколку во школите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не сум сигурен колку татко ми ги сакаше булките (тие во Македонија се поситни отколку во градината на Изи).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На пример, за тоа дека повеќе сака да плива во море отколку во река.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Анегдотата за писателот-пливач ми ја кажа Хорацио.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Му припаѓаат колку на сонцето толку на сенката.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
НАЦА: Поарно да си погледаш во ноктот, отколку во саатот.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Што му би? Беше курдисан.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
На децата им е позабавно отколку во луна-парк.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Иако аргументот на Searle е круцијално развеан (Hayse и Ford, во подготовка), тој може да се прифати повеќе во modus tolens отколку во modus ponens форма и да биде сосем конзистентен со AI.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
По цел ден не би се гледале.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во Битола, можев и самата да се уверам дека сите изгледаат поинаку на телевизија отколку во стварност и дека се обични луѓе, исти како ние, само што се популарни, па нѝ изгледаат поинакви.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ете зошто не ве носам по странските фестивали – рече мајка ми – вам ќе ви биде здодевно, а јас таму имам многу повеќе работа отколку во Битола.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми не нѝ стоеше баш премногу на располагање.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)