па (сврз.) - мора (гл.)

Во тој момент заѕвони мобилката на Азра, таа се изви наназад за да го прекине повикот и да го исклучи телефонот, но не успеа, па мораше да стане од креветот, го зеде апаратот и со него отиде во купатилото.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Па морав да ја прашам... - Што да ја прашаш?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Вистина, тоа ти бил цел сноп, завиткан околу наоколу со самолеплива хартија, па морав да ги подослободам кога ги палев, инаку не можеше да се потпалат оти, заедно со писмата што ми ги праќаше од Маказар, па и еден број што сум ги собирала уште од кога служеше војска, се собра големо купче.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Колената рана ќе ти се направат, а гарант си го утнала работ од долната ногавица, па мораш сѐ наново да повториш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ама, не жалат блиските кога бараат подарок по Скопјето за внучињата од сестра, брат или братучед затоа што во подарувањето се предава и енергијата со која се трошеле парите за истиот, а кога некого љубиш како некој близок свој, навистина му посакуваш сѐ најдобро, па и не ти тежи самата свадба како на оние другите, кои молеле Бога да не бидат поканети и се пресметувале колку, всушност, ќе ги чини тој ден кога некој со кого не се виделе 100 години, ете, се сетил токму сега и на нив, па мораат да одат и да се отстрамат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Балзак бил борч, па морал да пишува.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Еднаш, пред година, - две, дедо Иван нешто се разболе, па мораше подолго време да биде в село.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Жената има секогаш нешто за чистење, па мораш некаде да избегаш, да се подзакриеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Презимето Мурџови беше доволно да ги потсети луѓето на една крупна старичка по име Петра која ги предупредила да не обрнуваат внимание на болвите што ќе ги сполазат оти не биле толку опасни како вошките па мораа да признаат дека побегнале на врат на нос без да си ја завршат работата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Никако не му даваше можност тој да ја покаже својата толку многу голема готовност да биде сервилен, па мораше само да ја следи како некој виновник.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А татко ми, како дојденец, туѓинец во овој град, не беше мигрант како сите козари, туку емигрант, човек што ја минал границата, па мораше да биде видливо лојален, да не се замери, за еден ден, со семејството да го добие бараното државјанство, да добие потврда за лојалност кон новата земја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Губеше иницијатива во овие решавачки мигови, па мораше сосем да му ја препушти на градоначалникот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Толпа народ се насобра и сите го креваат показалецот на левата рака кон стаклото а со десната се крстат; па мораше и милицијата да се замеша за да го растури збудалениот собир.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Етерот беше наднесен над душата како таинствена природа префинет честар честички па морав да стивнам да замрам, да ме снема под невидливата лушпа на Јајцето секоја точка кајшто е подеднакво оддалечена од Центарот,14а Центарот Строен белузлаво сјаен и во себе си реков: славена биди Поемо, творбо величествена, и стварна, и знаковна и грешна, и идеална и предметна, и духовна и човечка, и животинска...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Наутро мора да станува порано и во одредено време, па мора да се мие, па мора да се облекува.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И ги полнат устите со месо, со ориз, со леб и губат здив, речиси се задушуваат, па мораат да џвакаат со отворени усти.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)