па (сврз.) - побрза (гл.)

Перса го забележа восхитот кај малечката и ситна женичка па побрза да ја превтаса Пелагија јавувајќи се со глас во кој секој можеше да насети радост Ние трите бевме на утринска литургија во Света Богородица!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Гого го остави домарот да го разбере како што сака, па побрза да се оддаде на подготовките за сликање: чардакот не го фаќаше ни утринско ни вечерно сонце, а цело време беше под една подеднаква дневна светлина, како стокмен токму за сликање, а не за славење, како идеално ателје.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Често се случува кога ќе се задржи овдека, во гостинската одаја, некое од нив да се разбуди, сонувало лош сон, да дотрча ваму, па побрзува да отвори и - силно се изненадува: нагрнат со веленце, по чорапи и со свеќа во рацете доаѓа Јосиф.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Изгледа и самата се најде затечена од вистината што и се стркала од јазикот па побрза да додаде: „Ете, и на мајките им е дозволено понекогаш и да згрешат“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)