па (сврз.) - рече (гл.)

Шефот збунето ја гледаше мајка ми. Не знаеше како да продолжи со пописот, па рече: – Луѓе мои, па во ова семејство сѐ се измешало.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми, по овие зборови, ја оттргна мислата од книгата, ги спушти очилата и присобра сили да ја смири мајка ми, која не се сеќаваше кога ја видел во ваква расположба, па рече: – За утре ми ветија вреќа брашно.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чанга не можеше да одреди каде цели татко, замислено трагајќи по директната врска помеѓу козите и балканските јаничари, па рече, повеќе за себе: – И во сите тешки времиња на Балканот козите секогаш биле со луѓето? – Да – прифати татко ми – козите биле со луѓето во сите тешки времиња на Балканот, пошироко во земјите на Средоземното Море, на Балканот и Далечниот Исток.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тогаш, кога веќе сите папсаа, најстариот на масата не погледна во часовникот на раката туку во прозорецот што зазоруваше, па рече: „Никоја доба. Само за мадиња бесење“.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Шефот светна од задоволство, па рече: – Ти, синко, далеку ќе дотераш ако стапиш во партијата! – Јас сум веќе член! – потврди гордо брат ми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)