па (сврз.) - сака (гл.)

Седиме во дворот, на зелената мека трева и убаво ни е. Убаво ни е, но сакаме да ни биде поубаво, па сакаме нешто да правиме.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Се однесува небаре да е преполна со среќа, уморена од обилен живот, па сака и мене малку да ми оттури, да ми отстапи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се сети дека боговите диктираат и судат, порасна високо над нив, преголем да уверува со грмотевици, па сакаше да ги сожалува (не можеше) и сакаше да им се смее (не можеше ни тоа).
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Нешто некаде ја носи, ја носи, ја носи низ некое темничиште, како низ некој тунел, а некаде таму, отаде, на другиот крај од тунелот зрачи некоја светлина што се лачи во меко сина а силно виолетова, и тоа ѝ влева надеж, па сака што поскоро да се најде на другиот крај од тунелот, во светлината каде што Пандо нејзин сигурно ја чека.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Убаво ни е, но сакаме да ни биде поубаво, па сакаме нешто да правиме.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)