па (сврз.) - тргне (гл.)

Беше и преморен, но знаеше дека сега не смее да стои, не смее да се одмора, па тргна по патчето што новиот снег веднаш го постилаше со бел лизгав чаршаф, им ја отвори вратата на овците и ги пушти да пијат вода.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ајде да се измиеме! - рече Бојан, па тргна кон поточето. - А пешкир? - праша Денко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Татко ми остана на своето, а мајка ми повеќе не инсистираше, па тргнавме сите заедно кон козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)