па (сврз.) - сѐ (зам.)

Додека под нашите раце бесшумно исчезнува ноќта кон наслутениот смев интимни сосема одиме Оваа постела потна е море со високи бранови што во пените на чекањето ги фрлаат нашите тела и на тој пат што мами сосема измешана плови зелена гранка од соништата и раката од пелин Па сѐ по малку сетни рацете твои како пристан тогаш сум и брод и галеб што во него ќе слета и ја наоѓам во него онаа неизбежна вистина што мавта и подмладува со рацете на ветерот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Во тие неизвесни времиња, кога сѐ можеше да се измени, да се измеша, како ова мигум наоблачено време на планината, кога лесно можеше да се фрли и да зарти семето на раздорот во заедничката душа на луѓето, да дојде директива од „другото небо”, па сѐ да измени, да зацрни, белата зрачна ведрина на Чанга им остануваше како последна надеж на луѓето...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сранко вриеше од нервоза и му доаѓаше да му ја учука, но Жанко беше габаритен па сѐ се заврши само со рафален дожд од Серовската уста.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Човек треба специјално да се вооружи со трпение, ако реши да купува било што - од леб, заленчук и овошје, па сѐ таму до најобични нешта во трговските магазини.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
152. Ваквите становишта на Мисирков по овие прашања се обработувани или засегнувани во повеќе трудови, почнувајќи од неговото предавање за Марко пред студентите во С.Петербург и неговата дипломска работа /1902/, па сѐ до неговите последни статии во софиските македонски и бугарски весници /1923-1925/.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, важно е дека овој град ви нуди секакава кујна и тоа не само во раскошните ресторани на „Хилтон“, туку и кај малебиџиите и акчиите кои се расфрлани речиси секаде - од пристаништето па сѐ до „Таксин“ и „Ак Сарај“...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)