па (сврз.) - затоа (прил.)

Јас реков тогаш дека таква е вистината, којашто не ќе им се бендиса на мнозина, но јас не можам да го зборувам она што ќе му се бендиса на некого, туку она што е свршена работа, со која порано или подоцна ќе треба да сметаат јужните Словени, па затоа е нужно да се знае новото течење сред Македонците за да се определат јасно односите на јужните Словени кон него и да се избегне бесполезната и штетна борба помеѓу нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Црквата кај нас си ја загубила својата главна цел, па затоа македонската интелигенција и народот имаат полно право да ги употребат сите свои сили за да ја лишат црквата во Македонија од чисто националните цели и да ѝ ги вратат оние цели што ѝ ги заповедал нејзе нејзиниот Божествен Основач: да го проповеда евангелието на сите јазици, т.е. на сите народи и нивните јазици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Турското господство ни ги пресече сите врски со нашата старина: Најтешко се одрази тоа на Македонија, како централна провинција, па затоа во тоа време кога кај другите православни Словени постепено се изработуваше писмениот јазик и правописот ние сѐ повеќе се обезличувавме и речиси сосем се откажавме од нашиот јазик како орган на литературната реч.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа нашло одраз и во фонетиката и во морфологијата на јазикот во сп. „Вардар”, па затоа е дополнета и азбуката со уште една буква /a /, што ја употребува на местото на старата тврда носовка /?/, со факултативен изговор, според рефлексот во разните наши народни говори.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Конзерваторите – водичи на трите павилјони добро си ја знаеја лекцијата што требаше да ни биде пренесена и А.А. во тоа воопшто не се сомневаше, но најмногу стравуваше од нашите прашања, а најмногу од моите, па затоа мораше да биде тука.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
149 Сепак, за уставната тужба да не остане само декларативна заложба, уште пред таа да се воведе ќе мора да се извршат одредени промени пред сѐ во внатрешно-организациониот начин на функционирање на Уставниот суд, односно зголемување на ресурсите и капацитетите поради зголемената активност која неминовно ќе настане, па затоа можеби од аспект на ефикасноста во заштитата на правата и слободите на граѓаните би било подобро сегашниот состав на Судот, во иднина, да биде проширен.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Оттука па натаму престанав да ги прецедувам објаснувањата на Ѓурѓија бидејќи наеднаш ми наиде на ум зборот на Синесие кројачот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Рече дека ставила две лажички кафе, преполнети, па затоа се исчудуваше како тоа кафето што го сваривме да се стрефи толку тенко.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И реков дека има и други лажици, нив не треба да се мачиш да ги преполнуваш а кафето ќе излезе токму такво какво што го посакуваш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи тесно ја ткае животот, си мисли, тесно и стишно, па затоа ткаеното е тврдо и цврсто, не налегнува на снагата, туку бара снагата да се прилагоди на ткаеното.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Никому ништо не плаќате! Тоа многу убаво го знам јас, па затоа и дојдов со беговите и сејмените да соберам што не сакате сами да донесете.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од сета терапија на својата комплицирана дијагноза тој највеќе го применуваше десеттиот рецепт од Богевиот совет да не се нервира; па затоа полната дланка апови, таблети и капсули трипати на ден ја заменуваше со три полни напрстока од капачето на шишето коњак.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Па затоа ние и ги правиме нашите радости: свадби, веридби, родендени и друго.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Што си подзинал. Ти велам вистина е - и баба ми зборува со цвеќињата - па затоа најубаво ѝ цутат.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И, како совршено заокружување на сѐ она што веќе ми го имаше речено, онаа смешна додавка: иако не бил моментот за спомнување обетки, белегзии и други женски глупости ете, таа и тоа го прави па затоа сите отклоненија во нејзиниот разговор да не сум ги сфаќал сериозно.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Гледам: устата му е празна па затоа и смеењето му е празно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)