па (сврз.) - колку (прил.)

Никој не може (па колку и да настојува тој никој) да го разувери дека надвор не врне.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Одењето во црква на миса и на молитва може да биде желба и истата, еден ден под влијание на волјата, да престане, (во таков случај, си го обрал бостанот зелен), но ако е нужна потреба, тогаш тоа може да ефектуира со позитивни резултати затоа што врз нужната потреба волјата не може да влијае, па колку и да е цврста.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тоа препукна во него и тој сега мораше со нив да прави нешто, мораше да ги изгуби за едно извесно време, да ги изработи, да ги измори за да го остават мирен, па колку безмислено и да беше тоа пусто префрлање на камчиштата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Па колку што знам само некои од нив имаат пиштоли и по некој електричен пендрек или спреј за привремено заслепување.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)