па (сврз.) - некогаш (прил.)

Иако таа беше во години, изгледот нејзин ѝ беше младешки, очите полни со сјај и опчинувачки, лицето поднасмевнато и со дупчиња на образите; усните меки и сочни; само не му се допаѓаше што таа премногу го лепеше лицето со крем за да ги израмни неколкуте брчки на него, па некогаш му заличуваше на маска и ја тераше да го истрие со крпа или да го измие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Па некогаш ќе пие, ќе пие и ќе легне надолу во постелата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)