па (сврз.) - после (прил.)

Овој гледа некое време и го слушам, вели: - Селото гори, баба се чешла! – вели првиот и додава, му се обраќа на својот противник: - Што велиш, да ги спастриме прво нив па после јас и ти да си го видиме алот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
За нив нема никакво значење национализмот што се смета за нешто што си го има одживеано својот век. Тие се интернационалисти. Тие се најнапред луѓе, па после, ако им остане за тоа време, се Бугари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие млади Македонци, воспитани во Србија во народен, т.е. во дух да ја сакаат најнапред својата татковина и својот народ, па после човештвото, заминувајќи во земјата каде што нема национално самосознание, а наместо него полн индиферентизам кон народните интереси, внесоа во неа нова струја од национално воодушевување и работење за ослободувањето на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
МЛАДИЧОТ: Организирајте го Вие само среќавањето со Ѓорчета, па после барајте од мене што сакате.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Со газдата на дуќанот не се бакнавме, ама не ми удри ни „сиктер“ клоца дека му доцнам само три месеци со наемнина, ама има разбирање за мојата финансиска положба, а и јас за тоа што не беше срдечен со мене, а и незгодно е, многу ми е ачик дуќанот, па ќе види некој, па од несвидлак ќе ни извади муабет... па после, бруки и срамои!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Одиш, одиш така, дее, ајс, отсебо, дее, па после охаа, ќе свика некој од војниците, од комората. И ќе ги запре воловите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па после ќе се џарат што се прави на патот: кој поминал кој заминал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Почекавме така, па после Јон го доведе магарето, ме седна в седелје, ме товари, ко подврзана вреќа и ме однесе дома.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе запаѓам на една страна, па после на друга страна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не бре, велам јас, да ги исправам еднаш децата на нозе, па после...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па после го шврка со камшикот по главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Треба да почекаме да летне, вели, па после ќе тргнеме по неа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па после се рече да правиме пат за кон Боишта. Удрија барабанче низ селото, го свикаа народот и кажаа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па после сакаа со мед да ме мачкаат по образите. За да бидам благ со жената.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Првин го качувал на маса, па после на покривот од меаната и на крајот го качувал и на некоја топола.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од каде штурец, си мислам, па после тоа црцорење ми иди како тропање на матерки, на вилушки, на лажици.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така. Па после, ваму си, таму си: дојде време да се видиме и од поблиску.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Море, седи, ослепаго, како су чинила измет на ваа куќа толку години дури вие да се жените со браче Илка, ќе чина и сега, токо ние сакаме вие да си се удомите, да си имате друшки како шо си имате, а за измет — ќе чина гајрет дури да потпркне Ѓурѓа ошче некоа и друга година, па после и мене ќе ми се поолесне товарот!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако поживее година две, ќе се научат со дете, па после не ќе можат без деца, та ќе си го земат Илка мој. И така името му го носи на браче Илка.“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го зеде српот в раце и, готов да се ведне, рече: - Жено, оди наполни вода на кладенчето, па после да седнеме...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Па после друг ум ќе ме удри.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со свои очи ќе си ги гледаш цревата, ѝ велам, па после ми е тешко од тоа што сум го рекла.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега, испули ми се убаво, ѝ вели Манол Форевски, па после јас ќе ти се испулам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па после, не знаеш што си видела на јаве, а што на сон...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А, на мене не обѕирај се, стара сум и грешам, често од невнимание го разлутувам, па после ми е криво.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ништо – тој си има нервози со школото, па после јас сум му крива.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Да створам доволно злато, - си мислеше, - па после што сака нека биде“.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)