па (сврз.) - тогаш (прил.)

Па... - Аргир, ре, о Аргир! Спиеш? - Не, не спијам... - Па тогаш, не хрчи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И ти ли не знаеш? - Знам. - Па тогаш кажи!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Па тогаш, би требало да ти одговорам, миличок.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, понекогаш Бојан, разговарајќи со деда си или со дедо Иван, ќе умееше да зачепне во некое делче од нивните сеќавања, па тогаш ела слушај.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Татко му ова го проследи со коментарот дека тој уште кога за првпат ја видел знаел дека таа вртиопашка отсекогаш била подготвена на такво нешто, но тој да не се грижи, туку по завршената работа да се врати во Софија, не во оној брлог во кој живееше со неа, туку во својот вистински, дедовски дом па тогаш „ќе се најде некое ново и умно решение”.  За Константин З. сè стана безумно.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Па тогаш... нели, Зоки Поки е дете? Точно. Без грешка.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Бројката сосем го обзема, му поигрува во главата, му прелева врелина и пот, па тогаш со сигурност и со нетрпение почнува да пресметува: најважно и најпрво ќе направи куќа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Па тогаш не треба да се чудите, да се инаетите ако некоја желба и не ви е исполнета.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Покрај сѐ, ние заедно со Мане Шнајдерот работевме за движењето, а јас си размислував ако одиме во партизани и ако останеме живи, можеби животот ќе се измени, па тогаш можеби и ќе се земеме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Па тогаш како да гледам инаку? - сериозно се чудам јас.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Па тогаш што сакаш? - ја прашав. - Сакам да гледам зад тополите!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Па тогаш зошто бевме да го видиме?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)