па (сврз.) - што (прил.)

Ете, и ти со невеста, и јас со момче, па што! Ајде, собувај се и легнувај!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога пловиме по океанот, или кога предвидуваме затемнување, ние често сметаме дека е згодно да претпоставиме дека Земјата се врти околу Сонцето и дека ѕвездите се оддалечени милиони и милиони километри. Па што дека?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега сум Керим, а жена ми Родна е Разие, ама па што?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Па, па... - почна да пелтечи. - Па што, па? - Па има вкус на млеко... Хм, може да се јаде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тука нема: чекај да се допрашам до овој, до оној, па што мисли овој, па оној. Јок.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Камењата беа забиени во земјата. - Еден,два, три, четири, пет, шест, седум, - одброја Бојан. - Па што?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Знам, па што? Сега мислам на ѓаволот, не на неа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Па што? Некој морал да биде. - Џандар си е џандар. - Еве, прашај го.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го пулиш и тој процепот, така како да е планината скршена? - Го пула, па што? - И тој се гледа од нашето село.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Па што? Нека кршат глава!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)