па (сврз.) - бидејќи (сврз.)

Е, ама нели секој чекан си има своја наковална, па бидејќи не беше никаков исклучок од физиката и биологијата (додуша, нему, не му беше толку наклонета биологијата, па затоа се занимаваше со психијатрија), се ожени за една кротка овчичка, која на секој негов приговор му одговараше со „Бееееее!“
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Кога врчвата ќе се преполнеше, сама ќе се навалеше, па ќе се клапнеше, чукнувајќи по работ на каменот на малиот базен под неа, ќе се превртуваше удолу, за да се испразни од водата, според законот на физиката, па бидејќи беше празна повторно ќе се исправеше под чепот на бурето, за да се поднамести за повторното полење...и сѐ така во круг...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој беше полн со златни резерви, се колебаше дали да се ослободи од нив, продавајќи ги, а поради тоа што продажната цена на златото беше пониска од набавната, неговите пресметки покажуваа знаци на банкрот, па бидејќи долгот кон ортакот достигна висока сума, за Еразмо не остануваше речиси ништо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)