па (сврз.) - макар (сврз.)

Сакаш некој да те сака, па макар и класниот непријател.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И јас да сум на нивно место, - си велеше, - да ме будат страшни соништа во кои арамијата ми виснал над глава со нож в раце готов да ме заколе, да гладувам, зашто она што го имам ми го собира некој со помошта на еден јатак , да ми ги грабне некој со крвава пот спечалените пари, да молам да го дадам аманетот на најмилиот од куќата како што беа оние пет лири на татка ѝ на Трајанка, да морам да се посрамам како татка му на Пецета, зашто некој, кога сум бил на мака, ме одделил од најмилото, а јас сега не можам да му го вратам, та и мене да ми се случува сето тоа, - и јас не ќе можам да го здржам бесот, па макар сто пати знаел дека јатакот е јатак, а неговото внуче негово внуче, кое можеби ништо не знае.“
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Лесно е, - велеше дедо Геро, - човеку да му напакостиш, па макар и кога заслужил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Да беше иницијативата во востанието грчка или српска и да знаеја тие народи оти востанието ќе биде така силно, не гледајќи на никакви неблагопријатни прилики, ќе објавеа војна, па макар таа војна да се свршеше со полн пораз нивни.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Го одбегнуваше зборот „јубилеј” и придавката „јубилејна”, зашто го потсетуваше не дека зрее туку дека старее, а тоа никако не се согласуваше со неговиот темперамент, на кој - по негово мислење - повеќе му одговараше поимот „младост”, па макар овој во јазикот на баба му да се викаше „аџамилак”.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За ова со Бошка тој реши да ја сврши работата, ама кај него да не оди – па макар пукнал.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Имаше секакви мислења: едни велеа да се реши никој да не му дава на Лумана ништо, па макар колел и бесел, други беа да се отепа, трети да му се стори тоа на Бошка Манев.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)