па (сврз.) - откако (сврз.)

- Значи, сепак, загубениот сум јас! – Се досети Дедо Мраз, па откако раката му помина низ лицето и увиде дека ги нема мустаќите, брадата, побрза да се покрие со шапката, па да праша – Господа, дали нешто видовте на мене?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Толе се почувствува господар на ситуацијата и ја задржа тројката неколку дена на рожденско, па откако се намилува со Прочка, го префрли Перун и се најде во витолишките борови гори на Камчева Орница.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бојан влезе кај овците, набрзина разгледувајќи ги оние што лежеа, барајќи некое ново јагне, иако не го очекуваше, па откако не пронајде новоојагнето, истрча во тремот и ја зграпчи лопатата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дајте ми да си поткаснам, па откако ќе легнам и ќе отпочинам, тргнуваме кон преминот на проблемот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Вади пакло цигари, му ја подава на Саздо; овој зема цигара, му се заблагодарува со нишање на главата, па откако ја навлажнува, го прифаќа огинот што шефот му го подава од скапоцена запалка.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)