па (сврз.) - штом (сврз.)

Старецот се распрашуваше за сѐ, богословот расправаше за сѐ весело наслушнувајќи се самиот себе:војната има сто очи запалени, и сто 'рбети железни, и сто усти гладни и крвави, па оди како стоногалка на нас, а господ светот го заборавил, му завртел грб - црвчиња сте вие, пијаничиња, туѓи жени задевате. Па штом е така, удрете.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Да не речам и дека шепотот ти го слушаат, а не некои други физички активности што живот значат, па штом отвориш врата и појавиш нос веќе и поздравот е соодветен на „заедничките“ доживувања од претходната врела ноќ.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
2. поплава Далечните нѐ уморуваат Доаѓа елементот Па меѓу многуте искривени и тесни брегови на прозорците водите брзи течат жолти итаат и ги прескакаат невидливите и сиви препони на дните Па штом ќе се сетат на своите гради зелени горди како млади жени ги минат оградите на замислените брегови
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)