па (сврз.) - да (чест.)

Знаеш, и денот не се разденува наеднаш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
За породувањето Ако гледаш на филм како се раѓа дете, нема да посакаш ни да се „онадиш“ со некого, па да заносиш, а не па да сакаш да раѓаш... не дај Боже!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Требаше да помине време, да се случат повеќе неочекувани па дури и необични настани, па да сфатам или поточно да помислам дека сум сфатила оти не станува збор за безначаен заплет.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Па да, не можеш постојано да молчиш.“
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Требаше Хегел да ја „одухотвори“ материјата, нејзиното движење да го прикаже како движење на логичките категории, па да се дојде до поимот раѓање и настанување на стварите една од друга, и секое движење да се сфати како самодвижење, настанување, живот, како слевање на спротивностите.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)