пак (сврз.) - и (сврз.)

Малку му е шо ќе му дада жена, па требало и постели и завивки, дури пак и шарени черги.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вечер ќе има луѓе, пак и да ја види „толку, велиш, мајстор е за готвење?“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
РАЈНА: Пак и оваа, нашава чума, фрлила мерак по него.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
121. Најубедлив пример за тоа беа добар дел од членовите на МНЛД што имаа или српско или пак и српско и бугарско образование и воспитание: Мисирков, Чуповски, Константинович, Русуленчич, Петковски, Антонович, Ничота, Мишајков, Дедов, Џолевски, Николовски и др.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пак и да се допушти оти востанието тогаш ќе биде и посилно од сега и ќе ја принуди Европа да свика европска конференција, може ли некој да предрече оти решенијата на таа конференција ќе бидат во наша полза? – Одвај ли.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пак и да има место, нема да му го дадат на еден што свршил во Србија, туку на еден свој кандидат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пак и мустаќине ги бричел, како сега овде в град, та ела познај го.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Меѓу таа македонска интелигентна емиграција има мнозина или што имале или имаат високи должности, пак и коишто се претенденти и кандидати за нив, во тој број и за министерски портфељ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)