та (сврз.) - нареди (гл.)

Арно рече некој дека тука ќе не имаат на чист нишан, ама командирот наш од горе сакаше со дуљбија да гледа наоколу, та нареди: - „Тука копајте!“
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Скопскиот беглер-бег беше и паша – командант на скопскиот гарнизон, та нареди, еден табур од двеста души платена редовна војска да тргне во оваа експедиција, а во Кавадарци го пречекаа и му се придружија тиквешките бегови на чело со Јашар-бег со петстотини свои луѓе и уште толку башибозук, собран по целата Тиквешија за пљачка по Мариово.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)