та (сврз.) - остане (гл.)

Арно ама, таа зима „крши вратот“ и Бисера, се омажи за Грбанџовиот Трајка, та остана поповата куќа на Жиовчевата Анѓа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По него, на десет дена, и жена му, та останаа две деца сирачиња, Анѓа од единаесет и Петре од осум години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Толе мртка, кршка, виде дека Адем не ја вика Ката на кулата, та остана некоја недела и друга со неа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нови идеа, старите излегуваа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се разбира дека и двајцата се жалија на пресудата, та останаа да чекаат резултат од жалбите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Синот мој не доби таков благослов, та остана учипчен во фреската.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога таа вечер си одеше накај дома по градските улици кои бликаа со живост, како на само десет километри оттука да беше Лас Вегас, а не фронтот, очите му беа насолзени – што од студеното ветре што доаѓаше некаде откај планините, што од чувството дека сите што ги знаел и во кои верувал некаде заминале, та останал само тој, сосема сам на некое непознато место, опкружен со туѓинци со кои никако не може да се разбере.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Храната што ја подготви во Солун им ја зедоа разбојниците, та останаа сосема без храна.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
За миг сите присутни ги обзеде смртен страв, та останаа како смрморени.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)