та (сврз.) - сака (гл.)

Но кога Трајко му рече дека е испратен од селаните, а кога подвлече со особен тон дека носи и пари за тоа, владиката го промени тонот на својот разговор и му вети дека ќе им ја исполни желбата на селаните, толку повеќе што го познава човекот и лично, та сака и нему да му направи добро, верувајќи дека со тоа ѝ прави добро на црквата, на верата и народот, бидејќи Петко беше сигурен во секој однос.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А си мисли во себе: „Ако не зема и за Петка, тој ќе си мисли оти зе, та сака од моите да му давам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како и тој да се беше разлутил на овие „неработници", та сакаше да му помогне на бегот во извршувањето на казната.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гласот ѝ дојде толку познат, толку мил и одвратен, та сакаше до живот да го слуша, и ич да не го слушне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Знаеш што? Еден мариовец му ја грабнал жената на друг мариовец и сака со неа да крши главата некаде надвор од нашата царштина, та сака два пашапорта за Бугарија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)