та (сврз.) - го (зам.)

Работодавачот може да бара и надомест на штета која ја претрпел поради штрајкот кој не е организиран и спроведен во согласност со овој закон (чл. 242, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе за малициозното ограничување на ова уставно право на работниците, но и за успешните приказни од штрајкувачките искуства во РМ види ја студијата Штрајк – искуства и состојби [уредник: Здравко Савески]; ДСП „Ленка“; Скопје, 2011. 4.  Работодавачот, почнувајќи со исплатата на платите за јануари 2009, утврденото право на нето-плата за декември 2008-та го зголе- мува за износот на: пресметаниот данок од плата, задолжителните социјални придонеси, согласно со пропишаните законски стапки и за износот на трошоците поврзани со работа по основа на исхрана за време на работа и превоз до и од работа, пресметани согласно со закон, колективен договор и договор за вработување (нов т.е. изменет чл.3, ст.1 од ЗИП). 97 5.  Европскиот суд за човекови права е постојан суд основан од страна на државите – договорни страни на Европска конвенција за заштита на човековите права и основните слободи [оваа Конвенција нашата земја ја има ратификувано во 1997-та].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поттикнат од дејствувањето на Мариновите ученици, Хофмансвалдау и Лохенстеин, Јохан Кристоф Манлинг 1704-та го објавува Европскиот Хеликон, еден вид поетски учебник.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Катето истрча пред Адема и го зеде неговиот ќурк од лисичка кожа та го закачи на колот под полицата, а Адем го зеде ќуркот од Јована и го закачи на другиот кол.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Аман — заман јок, нерде кумитлар анасени... ана! ) — викаше онбашијата и маваше по старецот со една недокастрена суровица. Не беше работата за комитите, но дедот Стојко не донесе мед што му нарача вчера Расим, та го окрка ќотекот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Чатпат по некоја Толе им разбираше и точно разбра дека се веќе во друга држава, та го потпраша новиот патник што седна до нив и разбра дека навлегле во Србија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја извиде работата и го најде Толета кабаетлија, та го затвори вечерта пак во бившата негова ќелија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе и Митра излегоа на Бабуна и го запреа пајтонот на преслопта, та го изгледаа прилепското поле со солзи во очите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сите знаеја дека таа страна ја осигури Толе и немаше што да се двоумат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оти има по планините лоши луѓе како Толета шо го рече сам, та го знајте и вие, го знае и царот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Па дип веќе ако се крие од мене, тоа може, ама јас не знам.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе не сакаше да го тревожи стариот си татка, та го пушти Андона да го викне стрика му Кулета во долчето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но за среќа, мостот не беше поседнат ноќеска, или можеби стражата спиеше, та го минаа без никаква тревога и ја фатија планината над Бела Црква и Воѓани и уште непрозорено се најдоа над самото Смилево, во Миховите колиби во месноста „Голем Гар".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Изеде неколку дипшика и бастуна од Ѓузепа кир Андона и другите чауши и гавази, но главата му ја спаси Челебијата и нареди, та го заклучија во една од визбите на конакот, a сам го зеде клучот и му нареди на Ѓузепа тој лично да го варди од гавазите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој стана од местото и дојде кај Дамета, та го отвори собранието, поздравувајќи ги присутните делегати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Бре, луѓе, не си го губите времето да го разрешувате прашањето: ќе има ли востание или не, зашто тоа е решено од нашето раководно тело ЦК.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Паднатите трупови од нивните другари ги обесхрабрија, а Толе не им даваше да се појават на западната страна на чуката, та го држеше слободен тој простор за повлекување.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, така те сакам, да ми дојдеш како јунак, а не да го ведиш грбот — го пречека тој уште оддалеку и се стрчна, та го прегрна и се избакнаа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Ете ти две среќи" — си рече сам со умот, — „ем ќе правам ќефот на валијата; ем ќе лапнам некоја и друга лиричка", та го удри Јована по рамо — дури филџанот со кафето му го истури на масата. .
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Адем пак дојде пред Велигден кај Кулиќевци да го утврди денот на свадбата, и кога слушна од старите дека детето непара го бендисало девојчето, страшно се налути, та го прати Муарема да му го дотера Толета на кулата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја поминаа и Црна, та го фатија орманот и накачија горе на Голем Врв, над Груништа, каде преденуваа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Бабо, бабо, бабо! Нерде о невесталар? — почна да вика еден од чаушите што седеа кај нив, а зад него стоеја уште десетина такви.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си влезе во кошарата, ја обеси сакмата на колот зад врата и излезе та го зеде Трајчета на колено и почна да го гледа внимателно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се наведе и го распаша од неговата половина, та го опаша на својата, бришејќи ја крвта од палтото на убиениот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ризо Ушков ги прејде преку Црна и во Гудјаково им ги теслими на Ивана Колев и Стевана Војчев, овие му ги предадоа на Димитрија во Вепрчани, кој ги одведе до поп Пана Мицев во Беловодица и за неполни два дена, односно две ноќи, се најдоа во Оревоец, откаде Диме Бачко го извести прилепското раководство на чело со Јордна Стамболџија, Јован Грабула, Алексо Гермовчето и Алекса Бајракот, та дојде и до средба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стражарот го забележа огнот од цигарата и ја зеде пушката на готовс, но знаеше дека кој чури цигара не е лош човек, та го дочека на десетина метра пред него и силно викна: — Ќим с'и сен (Кој си ти?) — Бен'м коџабаши (Јас сум кметот) — одговори Илија и му се приближи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А бре каде, ефенди; (за рајата сите Турци беа ефендии) носа еден важен абер на муљазимот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Без збор ги поведе кон колибите и тука Петре му рече на Толета да влезе во првата колиба со „овчарот", а самиот тој продолжи до втората, што беше само на десетина метра оддалечена од првата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во Градешница фрли мерак на убавата Неда Романова, та го натера стариот поп Тодора да го венча горе во ливадите; во Старавина и го слушна гласот на Марија Милетова кога го опљачка Сивета и, кога ја викна да ја суди што одела со Мушон Евреинот од Битола, кој имаше дуќан во Старавина, место да ја осуди, тој се загледа во неа и си ја фати посестримка за тоа село; во Бзовиќ пак се фати свети јован со Петрета Мијаков заради неговата млада Севда; во Вепрчани со Јана Којдова, и така со ред, та и од таа страна си го уреди животецот: да не му врви времето напразно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Американскиот книжевен агент на Жене, Бернард Фричман, веќе 1949-та го имаше отчуканиот текст на Сплендид во рацете.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Нил Помфри од колеџот Квин Мери и Вестфилд 1974-та го примени овој пристап за да покаже дека хаосот во класичните атомски системи предизвикува последици дури и на квантни нивоа.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Експериментот кој 1972-та го изведе Хундертвасер во соработка со една ТВ станица, ја покажа сета радикалност на неговите архитектонски идеи.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И не се запре само на тоа. Зашто болеста на Видана му беше таква, да не може да работи во полето, и покрај противењето на општинарите од Тополчани, во согласност со жителите на Потковицата, го постави за падар, да го чува нивниот синор.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А кога жителите на Потковицата гледајќи во враќањето на Видана можност колку-толку да ги окајат своите гревови направени спрема мајка му и спрема сиот сој Јанчески, оставија на него, тој да реши што ќе направи со Видана, Крсте, уште и пред Акиноските да го донесат Видана, му соѕида куќа во Јасики, а кога Акиноските, во пролетта 1939-та го донесоа Видана, му издвои една крава, десетина овци, нива и ливада од своите и им нареди на жените тие да се грижат за Видановото домаќинство; да го перат Видана, да му готват и да му го вратат домазлакот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И дење и ноќе грмеше морето, а високите водје го биеја, та го биеја и го ронеа брегот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Му служеше на Христа, работеше во Негово име, та го затвораа, го тепаа и постојано му се закануваа со смрт.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Започнува да дува силен ветер одошто се откинува една гранка и му паѓа на главата, та го пробудува, но никако не го тргнува погледот од она место кај што ја сонува застаната Антица.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Кога Хантингтон 1993-та го објави својот текст „Clash of Civilizations?” во списанието Foreign Affairs, предизвика полемика во американските академски кругови незабележана од 1947 г.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој час тапанџијата силно удри во тапанот - толку силно та го распука!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Во 1974-та го измисли изразот “hypertext”.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И таман Петруш ги испрати нашите свадбари, еве та го Волчета Касов од Бешишта — бара основа за покрови.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Бина му испратија помош од Прилеп на чело со еден наредник и педесетина жандарми; уште толку доброволци од „српските" села од Азот и Поречијата, та го запашкаа Јована убаво.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дадено на буљукбашијата Суљо-ага, 4 шевар 959 година во Прилеп.   – Така – издивна длабоко кадијата и се исправи та го препрочита уште еднаш писмото на глас, го здипли, го врза со една шарена врвца и двата краја од врвцата ги потпечати со восочен печат, па почна да си зборува сам: – Знам дека ќе го налутам, ама ако разбере од друг, сигурно ќе ме обеси.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ајша писна изгорена од врелиот шербет и го испушти послужавникот со златните канчиња на него, та го дигна ибрикот со половината шербет во него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Одејќи околу трло, го догледала кучка Лиса и му се пуштила молкома, та го фатила за опашка.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Станала Неда да си земе нешто дома и Силјан слегол од куќа, та ѝ го зел клопчето што везела сосемати игла и го качил на куќа, та го скрил во сламата за ич да не се сеќава.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кучката Лиса лежела на врата и веднаш не го познала Силјана, та го слајала: "хам, хам, хам."
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Утрото станале и го зел Силјана Аџи кљак-кљак, та го прошетал низ неговото гратче и го однесол кај двата извора, што се правеа штркови и човеци.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Брго-брго мајката го клала ѓумчето со ракија до огнот да се стопли, а Неда го донесла големиот стол, та го клала да седи Силјана; му ги собула опинците и му ги измила нозете и го променила со велигденската руба.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
На часот на Силјана му текнало та слегол во двор и го зел ѓерданчето и го качил на куќа та го скрил во сламата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кога чу Велко зборот од мајка си, фрли со стапчето по него и го удри по глава, та го ошумоглави и не можел Силјан веднаш да си летне.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)