та (сврз.) - им (зам.)

— Море, за кодење се виа жените — се обрна кон Толета и сам ги поведе, та им даде столчиња под тремчето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но и тој беше слуга и роб на Ал-Шариовци, кои им „направија себап" та им отворија и крчма, и фурна, та дури и грозје, јаболка, круши, гошерки им носеа во таа пустелија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На прашањето од жените зошто им се пушки, Јован им одговори дека е заведено дежурство за заштита на шефовите од комитетот, та им е потребно оружје.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го позна гласот од Адема, кој многу полагаше на лоши пци (како секој Турчин) и многупати кога идеше да проверува дали се станати чифчиите за да ги брка на работа, носеше леб и коски од вечера ручек, та им фрлаше на сите пци. Затоа тие сите го познаваа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Двете невести, Јова и Петкана, и дванаесет годишното девојче Митра ја разбраа работата и се закопаа во сламата како прасиња во буниште, но чаушите навлегоа во племната, ги грабнаа вилите, ја избуричкаа сета слама и ги извлечкаа скриените жени и девојчето, та им ги затнаа устите на трите со шамии.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И Аќиф погледна во него, та им се сретнаа очите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Најдо од другата страна ја потпали копата, им појде на трлото и говедарникот, та им запна по една свивка запалена слама, а потоа и на кошарата во која што спиеја чифчиите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Секој Турчин маваше на секој селанец, селанка па и на децата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еден ден ми домачне, та им свикав гласно и јасно: „Малку ли е што сум сам и сам со себе се расправам и се карам, малку ли ме нагризува празнината и пустињата, та и со вас ли ќе се товарам, ќе ве поднесувам?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој не се срамеше да ја наведне главата пред оние на кои им проповедаше, та им велеше: „Јас се сметам за најмал меѓу апостолите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Жетва била, та им текнало во отворот да фрлаат запалени снопје.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тоа го налути кадијата и на нив, та им подвикна – И вие ја жалате оваа песја вера?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А и времето ги отепа. Лапавицата речиси на целиот пат им беше другар, та им ги стопи и последните сили.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А кога одиме во Скопје, таму ги молиме големците, та им велиме, а бре луѓе, а бре браќа, отворете уште некој граничен премин за да ни биде полесно да доаѓаме во Македонија каде ќе си најдеме и некоја работичка било како аргати, било како ѕидари, само да капи некоја паричка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Цел­та им била секогаш иста, како да си ги спасат чедата од не­пред­видливите налети на балканската историја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)