та (сврз.) - каков (зам.)

Нека ми е живо коњчето, та какво и да е самарчето, ќе ме носи! — зборува Бојана и ја бели жолтата грчка волнена шамија, продолжувајќи: — На Вилка ѝ „навеза“ Ристе, да му даде господ илјада добрини ! . .. Море, море, море! Со злато не се докупува вој Ристе мој! — почна пак да го фали.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Та зошто ти е ваа арамолепка шо а држиш овде, та каков аир од неа, та нишчо не работи, само лежи и јаде како некое алабачка“ и којзнае уште какви зборови не им нададоа снаи и на браќа и заради неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Рече само за крв, та каква крв — човечка или биволска, коњска — ништо понатаму не објасни и остана затворен спрема сите негови другари во кулушот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Токо, знајш шо? Дајте ошче некоа да завлечкам татки, та каква сака нека биде!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)