та (сврз.) - којзнае (зам.)

— Лебами, зорт да го најдете. Селото реши да не го предава, та којзнае дали ќе ви го кажат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Седи, седи! — му вели таа и му покажа на големата врата, да го предупреди да не влезе Тода да ги види како стојат та којзнае што ќе си помисли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Толе ме викаа дома, та којзнае. Ми се чини Стоан су крстен — одговори Толе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
После . . . он ете ошче е млад, ако му излезе к'амет може да си се удоми, може, ете вака како нам, на старост да му даде господ челад, та којзнае како ќе излезе докрај ваа работа? — и пак ја наведе главата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тиа Витолишките, шо го доведоа „ефендиата", тројцата; ама и тиа си кинисаа назад, та којзнае дали и чуа пушките.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога таа го виде на портата, малку се израдува, но со влажни очи го пречека, оти братчето и го зедоа Бугарковци, та којзнае дали не ќе пропадне некаде патема.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)