та (сврз.) - секој (зам.)

Но бидејќи чорбаџиите и своите деца не ги праќаа на училиште, па и ако ги праќаа сега беа слободни (а кој немаа свои деца, си главуваа такви уште на Ѓурѓовден; та секое лето имаше в село по десетина петнаееет што ленствуваа цело лето по реката и ливадите, ловејќи риби и вадејќи јајца на разни пупунци, чавки, страчки та дури и соколи по тополите и врбите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го нишаше предавството во корен, и клеветата, заговорот, та секој еден што ќе се обидеше да посегне по него беше погубен!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Откога се починале и се понајале, си летнале пак и си дошле во тие земји кај што си имале седела, та секој си тргнал во својот вилает, а Силјан со Аџијата и друзи се упатиле за кај Прилеп.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Можете полека, нежно, како што снежи од небото снежно, можете тихо, леко, како што паѓа пердувчето меко, како што шепоти трева кога расте, и како што сонот доаѓа, се пласти, - можете да побарате и да замолите, скромно, тихо, со смирена душа та секој да ве разбере, та секој да ве слуша!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)