та (сврз.) - си (зам.)

Стале виде оти работата тргна и дека сам ќе те претовари во работа, та си создаде помошници.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На мудурот и другите Турци им турија од кокошката, но бидејќи тепцијата промириса на „домус", и како што рекоа они оти се вечерани, и дека дошле само на муабет „да поминит, зарем, времето", се напија уште по една ракија, ако по вечера, и станаа та си отидоа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нарача едно дваесетипет драмниче тиквешка ракија; виде оти се продава и јадење, та си поруча една солунска сардела и се напи полока винце.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Та си реков, да проговорам, да те прашам, ти имаш познати, дали има прилика да ми помогнеш да купам стан на отплата, ама првин да сториш некако да влезам на работа во шеќеранана, во државно, макар сезонски во почетокот“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од големата болештина Силјан летнал како некој стршен и отишол на куќа, та си застанал на левата нога да ја плаче лошата болештина од скршената нога.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Си наполнил Силјан едно шише од човечката вода и си го врзал на гуша, та си се сторил штрк и си летна заедно со Аџи Кљак-кљак, та дошол кај што беа збрани сите штркови.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Со тие мисли Силјан си летна од Плетварско и си одлетал во село Коњари, та си кондисал на седелото од Аџијата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Откога видел Силјан оти не веруваат, почнал да им кажува што му правел на татка си, како го поучувал татко му и тој не слушал, како се главил со дуовникот, како влегол во морето, како се нашол на долна земја, како правел муабет првата вечер у Аџи Кљак-кљак, како му прикажувал за старецот што го отепале децата и што колнал, како излегле двата извора од кога им изумреле сите деца од големата сипаница, како се сторил штрк и си врзал шише на гуша и како патувал од штрковата замја преку широкото море, како дошол над Плетвар и го окршил шишето, та си останал штрк и си дошол дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Станал од спиење Велко и си го грабна Силјан в раце, та си го измилувал и слатко си го целивал.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
По некоја недела беше останала жената му на Силјана сама дома и си седела во двор на ругузина та си везела една кошула со црна преѓа, како за вдовица; си везела и си плакала за касметот што го имала, дека без домаќин останала.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тамо најдов еден извор и дрвја со емиш, та си појадов и тамо ноќта прележав.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Прошетал по сето Коњарско поле и слегол дури на Врбјанско, крај блатото, та си се најал жаби, кауѓерици, скакулци и гуштерици.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И така џенгот се свршил и штрковите наттепале, та си отвориле пат и си се упатиле за кај нас.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Се смрачило и си го зеле мажот и жената Силјана, та си го однесле дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И како што пловеше пампурот, тие жените во бело облечени, добро нѐ ранеа и кога ни зборуваа почнавме да разбираме од нивните зборови, та си шепотевме – море овие ќе да се наши, та се преправаат дека се други.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)