та (сврз.) - тоа (зам.)

Работава не напредува, си мислам, не само по вина на природата, зар може да биде вина тоа што е лето и што е земјата сува и горка, та тоа си е нормално, лето е и суша и тврдо е камен, а тоа е и предноста на еден ископан бунар, предност на бунар ископан во најголема суша, тоа значи дека во иднина ќе има вода во секоја сезона.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не погодив, си рече. Та тоа може да го има секој.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Митко би ставил дрва, та тоа е барем лесно, но зошто да му се покори на еден Сашо, кој ни на школо не оди!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Змејко знаеше дека тука нема да може да направи ништо ни со своето стоење, ни со својата посегната рака, пред која срнчето продолжуваше да трепери како прат; та тоа и потаму се плашеше и од својата сенка, и тој го стори само она, што сега можеше да биде сторено.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Та тоа беше навистина неговиот Брат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)