та (сврз.) - без (предл.)

Ме гледа и како со умилен глас да ми вели: - Убаво ли е, сине, ми ти се допаѓа ли домчево, кажи што не ми ти достига, татенцето сѐ ќе стори за моето соколче, - чинам така ми вели татенцето и јас сѐ поблиску приоѓам кон него, божем ќе му се фрлам во прегратките, ќе го гушнам како роден татко, а тоа од страв му се доближувам да не ме запне од подалеку, да не ми го скине главчето, та без главче да останам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Санким со нас раатот ќе го видат, та без нас маката?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Симка ќерка ми е, не е копиле најдена, та без ред и адет да ја венчавам! Таа е од сој!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)