та (сврз.) - затоа (сврз.)

Денес ќе ми летне лозјето за борч... Та затоа ти ја разбирам маката...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Та затоа бактриската коњица, со сета жестина удрила на Македонците!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Од раскажувања знам кои беа тука, каква им беше живеачката, та затоа од возбуда ми треперат колената и полека, небаре се пробивам низ некоја голема мрачна сенка, пред очи ми се јавува сеништето на болните спомени што како наследство ми ги оставија моите родители и многу други кои во Перењас ги поминаа најтешките времиња по своето искоренување од родното место.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
АРСО: Најлосле: кој дава, душа е права, а кој зема, тој зијан нема.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)