та (сврз.) - или (сврз.)

Партискиот секретар на градот не спиеше по цели ноќи, откако се населија козите во градот, размислуваше, сакаше да открие од која глава е дојдена директивата за уништување на козите – од градот, републиката, федераци­ја­та или од братската социјалистичка заедница.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Можеби е 3000-та или 5000-та, колку што знаеме.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Утрото, рано пред да се раздени, Ордана го натовариле на коњ, божем за да го однесат во џандармеријата во Алинци, и уште еднаш поштук не му се најде, рекоа избегал во Бугарија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во 1924-та или 25-та, џандарите од Алинци и Трбиќевците навлегле, ноќе, во куќата на Ордана Голушкоски, тогаш одново се имаа размрдано комитите, и ги тепале и мажот и жената до изнеможеност.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
ИВАН - Човекот е онолку ранлив колку што му е несигурна и ранлива мислата - вели во еден момент Даскалов додека се враќа на клупата кај нозете на мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Добро, сето ова го кажува Даскалов со главата и со срцето од 42та или 43та година.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На мое место да беше друг ќе помислеше дека е тоа сениште, та или ќе побегнеше или ќе му ја залепеше секирата на тилот. Јас не.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)